ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО „МАЈСТОР.мк“,
првиот портал/проект кој ви нуди понуда според услуга односно услужна дејност!
МАЈСТОР како поим подразбира „СТРУЧНО ЛИЦЕ ВО СВОЈАТА ДЕЈНОСТ“. Поимот сам по себе нé ја означува само функцијата МАЈСТОР како работник и занаетчија, истиот може да се употреби за секоја единка која професионално работи во својата струка.
„МАЈСТОР.мк“ ви нуди можност да најдете струка или дејност кога ви е потребна и неопходна, а за прв пат, наместо да барате тие може да ве најдат вас, се што е потребно е да побарате конкретна понуда.
ЗА КОРИСНИЦИТЕ:
Секој корисник на „МАЈСТОР.мк“ има можност на едно место да најде понудувачи на услугата за која има потреба. Понудувачите можете да ги контактирате телефонски како што е вообичаено, но она што ви го нудиме е можност за изготвување на ваше барање кое се доставува до сите понудувачи во исто време, на тој начин ќе имате можност да си ја одберете најдобрата понуда.
Секој посетител на „МАЈСТОР.мк“ покрај понудвачите на услуги ќе има можност да ги запознае и понудувачите на материјали и предмети од одредена дејност коишто се достапни на пазарот.
ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ:
Секој којшто ќе се пронајде во поделбите кој се дадени во „МАЈСТОР.мк“ може да аплицира и да стане понудувач, без разлика дали е физичко или правно лице. Сите Вие имате можност да се промовирате за само 1 денар дневно или 365 денари за цела година, за одредена дејност, со што ќе станете понудувачи на услуга, а воедно ќе имате можност да ве најдат повеќе од 350.000 граѓани кој имаат потреба од вашата услуга.
Со помош на „МАЈСТОР.мк“ може да ги промовирате вашите завршени дела и квалитет, а воедно да имате увид во интересот на корисниците за вашата услуга.